| четврток, 6 декември 2018 |

Хулк пред трансфер во Реал Мадрид

Бразилскиот интернационалец од Зенит, Хулк е пред трансфер од Русија во шпанското првенство, а опасниот напаѓач би требало да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“, во редовите на Реал Мадрид.

По засега неуспешните обиди да се доведат Левандовски, Кавани и уште неколкумина врвни напаѓачи, „кралскиот клуб“ тргна по ангажман на бразилскиот ас.

Лани тој пристигна во клубот од Санкт Петербург од Порто за 45 милиони евра, но очигледно е дека тешко се приспособува на условите и на стилот на игра во руското првенство. Реал засега нема ангажирано ниту еден играч по заминувањето на тренерот Жозе Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top