Факт е дека Хју Хефнер направи ѕвезда од Памела Андерсон. Нејзиното збогуваање со најголемиот плејбој беше очекувано.
Памела првпат се појави во Плејбој во 1989 година, а прогласена е за зајачица на годината во 1990. Благодарение на можноста што ѝ ја даде Хју Хефнер во магазинот, таа успеа да се пробие во Холивуд.
По веста за смрта на сопственикот на „Плејбој“ Памела објави видео на Инстаграм во кое лежи во кревет во долна облека и плаче со размачкана шминка. Покрај видеото има и порака:
„Господине Хефнер, мисли ми навираат, о немам мозок кој би ги обработил. Постојам поради тебе, ме научи сѐ што е важно за слободата и почитта. Освен семејството ти ми беше најважна личност во животот. Ми даде живот… Луѓето зборуваат дека ти бев омилена. Целосно сум во шок. Беше стар, грбот те болеше. Последниот пат кога те видов, одеше со помагало, но не сакаше да видам. Не слушна. Имаше парче хартија во џебот и ми го покажа, на него пишуваше Памела и околу името имаше срце. Сега се распаѓам. Ова чувство е целосно лудило. Во Париз во моментов врне. Покрај прозорец сум. Сѐ што сакаат луѓето кај мене е зашто ме разбораше. Ме прифати и ме охрабри да бидам тоа што сум. Ме сакаше како никој што не ме сакал. Живеј слободно, без сопирачки. Ми рече дека твојот магазин е за девојка каква што сум јас, дека сум олицетворение на духот за кој си мечтаел. Јас сум била таа, така ми рече. Уште те слушам како викаш – биди храбра, нема правила. Живеј го својот живот, се гордеам со тебе. Нема грешки. А со мажите – уживај… (твојата прекрасна насмевка). Имаш свет под нозете, а ти си добра девојка и толку сакана – не си луда. Дива си и слободна, остани јака, остани ранлива… „Време е за филмови“… Ги сакаше моите синови, секогаш, секогаш беше тука за нас. Со својата љубов, со лудата мудост. Сѐ ќе ми недостига. Ти благодарам што го направи светот подобро место. Послободно и посексапилно место. Беше џентлмен, шармантен, еегантен, галантен и толку многу забавен. Догледање Хеф… твоја Памела“, пишува во збогувањето на Памела на Инстаграм
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)