| четврток, 6 декември 2018 |

Каде исчезнаа фантомите? На овие избори повеќе гласачи од на претходните!

На локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври, право на глас имаат 1.814.644 гласачи кои се наоѓаат на избирачкиот список, што е за 30.228 повеќе од претходните избори. На избирачкиот список за изборите на 11 декември 2016 имаше 1.784.416 запишани гласачи.

За потсетување, наводните фантомски гласачи на избирачкиот список беа една од главните причини поради кои СДСМ бараше одлагање на изборите претходната година, иако сега има рекорден број на гласачи споредбено со сите претходни изборни циклуси во Македонија.

Лани официјално од СДСМ лицитираа со огромни бројки на наводни фантомски гласачи и обвинуваа дека со нив ВМРО-ДПМНЕ прави фалсификат. Потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска, говореше за наводни над 300.000 сомнителни гласачи кои се наоѓале на избирачкиот список.

– После проверките на избирачкиот список се покажа дека над 330.000 гласачи се сомнителни и тоа го потврди изборниот криминал. Актуелната власт владеела не само со уцени и притисоци туку владеела со фантомски гласачи, измислени списоци и многу државни пари потрошени за партиска сметка. Без чистење на избирачкиот список граѓаните нема да имаат верба во изборите. А така животот не може да стане подобар. – изјави Шекеринска на 16 март 2016.

Наводно нечистиот избирачки список беше и една од главните забелешки на медијаторот во преговорите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ван Хојте.

Денес, кога има 30.228 гласачи повеќе од претходно, ниту од наводните невладини организации, ниту од СДСМ нема забелешки за фантомски и сомнителни гласачи на избирачкиот список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top