| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо најплатен фудбалер на планетата, годишно ќе заработува по 20 милиони евра

Кристијано Роналдо останува во Реал Мадрид, а ќе биде најплатен фудбалер на планетата со годишна плата од 20 милиони евра. Договорот е веќе постигнат и Португалецот ќе продолжи да игра за „кралскиот клуб“ до 2018 година. Тој беше на врвот според примањата и пред 4 сезони кога од Манчестер јунајтед пристигна во Реал Мадрид. Трансферот тогаш беше број 1, а чинеше 90 милиони евра, со плата за „CR7“ од 10 милиони евра по сезона.

Со пробивот на богатите спонзори од арапскиот свет и неверојатните тренсфери, Роналдо падна според примањата и не беше ниту во топ 10. Сега повторно е на врвот, пред Самуел Ето од Анжи, кој има приближно еднаква плата со Роналдо, потоа Меси со 18 милиони евра по сезона, па Ибрахимовиќ со 15, Руни со 14, Јаја Туре, кој добива 13 милиони евра, Агеро со 12,5, Силва со 12 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top