| четврток, 6 декември 2018 |

По Мила Искреновиќ и Јадранка Бибан со порака – Не гласајте за мене (видео)

Д-р Јадранка Бибан, независна кандидатка за градоначалник на Дебарца, започна со необична кампања на овие локални избори. Таа преку своите плакати, отворено порачува – да не гласаат за неа.

„Немој да гласаш за мене, се пријавив само за да можам да ти кажам нешто важно за твоето здравје и твојот живот’’ – е пораката испишана на нејзините плакати, покрај фотографијата и редниот број.

Д -р Бибан е познат гинеколог – акушер и едукатор за лекување на болести со храна и здрави животни навики.

Ова потсетува на кампањата на Мила Искреновиќ, кандидатката за градоначалник на Општина Карпош на локалните избори 2009 година. Тогаш пораката на Искреновиќ беше – немој да гласаш за Мила. Сигурно многумина се сеќаваат на нејзиниот рекламен спот со прашакот за перење кој ги отстранува најтврдокорните дамки – мито, корупција и партиски избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top