Загина градежен работник од струен удар во Радовишко, информира полицијата, а пренесе „Плусинфо“.
Според МВР, вчера во 16 часот 39-годишниот Драган С. починал во несреќен случај додека извршувал градежни работи, информираат од полицијата. Случајот за смртта на Драган во полициска станица го пријавиле од Здравствениот дом во Радовиш, каде што човекот бил донесен мртов.
Според информациите од МВР, Драган изведувал градежни работи на куќа, а несреќата се случила кога ја фатил мешалката за бетон, по што го удрила струја и починал на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



