| четврток, 6 декември 2018 |

„Првите филмови на прво место“: Мастерклас со кинематограферот Кристијан Бергер

Во малата сала на Домот на културата, синоќа, фестивалските гости, публиката и студентите имаа можност да присуствуваат на разговорот со австрискиот кинематографер Кристијан Бергер, познат како близок и постојан соработник на врвниот режисер Михаел Ханеке. Мастеркласот се одржа во соработка со „Првите филмови на прво место“ (First Film First).

Зборувајќи за работата со Ханеке, со акцент на филмот „Белата панделка“, добитник на Оскар од неанглиско говорно подрачје, Бергер рече дека е голема привилегија да се работи со таков голем режисер и дека во работата со него се потребни многу концентрација и голема енергија.

Бергер потенцираше и дека односот на актерите кон камерата треба да биде како во љубовна врска, дека сака чиста сцена за да нема многу препреки за актерите да ги остварат барањата на режисерот и дека неговиот прв принцип за осветлувањето е базиран на документаристичкиот пристап, односно да се биде во вистинско време на вистинско место. Како врвен експерт во поставувањето на осветлување за филмскиот кадар, тој презентираше повеќе системи за осветлување кои ги користал во различни филмови на кои работел до сега.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top