Верувам дека како досега така и во иднина Заедно ќе продолжиме да ја градиме нашата општина. Сите заедно изминатите години работевме и реализиравме голем број на проекти за подобри услови во секоја населба и секое населено меесто. Само со заедничка работа докажавме дека можеме да ја направиме нашата општина да биде модерна и со поквалитетни услови за живеење.
Ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски.
-Во изминатите неколку месеци заедно ја подготвивме изборната програма, односно визијата за развојот на нашата општина за следните 4 години, подготвивме проекти кои ќе бидат реализирани во дела. Во Изборната Програма за следниот период планираме реализација на 471 нови проекти, од кои сакам да издвојам неколку со кои верувам дека жителите на општина Гази Баба ќе имаат подобри услови за живот. Во тек е изградбата на новo ОУ „Вера Јоциќ“ во н.Хиподром. Планирано е во септември 2018 год. учениците да започнат со настава во новиот објект, истакна Трајковски.
Вели дека предвидена е изградба на ново ОУ „Крсте Мисирков“ во н.Ченто, со кој ќе се овозможат поквалитетни услови за образование на учениците.
-Изградба на четири детски градинки во Стајковци, Трубарево, Инџиково, а за една градинка, локација ќе се определи дополнително во соработка со месните и урбаните заедници. Со изградбата на овие градинки ќе се реши проблемот за згрижување на децата, односно повеќе нема да мора да се чека за запишување. Ќе продолжиме со изградба на фекалната канализација во н.м. Трубарево, Ергеле, Јурумлери, Црешево, Хиподром 2 и ќе отпочнеме со изградба во Идризово, Дрма, Смилковци и Виниче. Ќе работиме и на подобрување на водоснабдувањето во Железара, Автокоманда, Ченто, Хиподром Сингелиќ, Инџиково, Стајковци, Трубарево и доизградба на водоводниот систем во Раштак, Булачани, Брњарци и Страчинци. Со реализација на овој проект ќе се подоробри водоснабдувањето во населените места посебно во високите зони и недостигот на вода во летниот период од годината, посочи кандидатот за градоначалник на Гази Баба.
Трајковски рече дека ќе продолжат со изградба на нови и реконструкција на постоечки улици во сите населени мести.
-Ќе продолжиме со изградба на нови и реконструкција на постоечките улици во сите населени места. Ќе продолжиме со изградба на пешачките и велосипетските патеки по булеварот Александар Македонски и улиците Методија Андонов Ченто, Благоја Стефковски Перо Наков како и на регионалните патишта Р103 и Р101. Со изградбата на пешачките и велосипетските патеки ќе се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите. Ќе продолжиме со изградба на атмосферски канализации во населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Хиподром, Маџари и Ченто, истакна Трајковски.
Посочи дека посебен акцент ќе биде ставен на животната средина.
-Планираме голем број на мерки за поздрава и почиста животна средина. Веќе отпочнавме постапка за набавка за две мултифункционални комунални возила за одржување на јавната чистота. Ќе продолжиме со субвенционирањето за енергетската еикасност во колективните згради за изградба на топлинската мрежа, замена на крововите и фасадите. Користење на алтернативни горива за греење (соларна енергија, топлински пумпи, пелети). Белодробното крило на град Скопје паркот на природата Гази Баба во соработка со Град Скопје, комплетно ќе се ревитализира и обнови со нови дрвја и зеленило, нагласи кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба.
Истакна дека планирано е следните 4 години да се исчистат 100км каналска мрежа и да се отворат нови 10км секундарна и терцијална каналска мрежа.
-Ќе овозможиме Развој на новата индустриска зона кај обиколницата за лесна и чиста индустрија, овозможување на услови за привлекување на инвеститори и отварање на нови работни места. Како што ги реализиравме изминатиов период проектите за јавно приватно партнерство и ги изградивме фудбалскиот тренинг камп во Хиподром и културниот дом во Автокоманда, така планираме и за следните 4 години да ги изградиме културните домови во Ченто и Колонија. Уредување на сливните суводолици на потегот од Скопска Црна Гора, со изградба на дополнителни брани за регулација, изградба на нови канали и акумулации за собирање на водата од Скопска Црна Гора. Изградба на училишни спортски сали и игралишата во секое населено места. Ќе продолжиме со реализација на проекти за подобри услови за лицата со посебни потреби. Ќе продолжиме со поддршката на Центарот за млади и невладини организации како и поддршка на пензионерските здруженија, потенцира Трајковски.
Рече дека за реализација на изборната програма има тим и знаење како тоа на дело да се реализира.
-Програмата што ја нудиме е Реална, со конкретни проекти, начин и извор на финансирање, тоа значи дека точно знаеме секој проект како ќе го реализираме. Верувам дека само заедно со ваша подршка и мојот тим можеме да чекориме напред во градење на подобра, попросперитетна и со европски лик општина Гази Баба. Само со работа може да се направи подобро утре за сите нас. Затоа велиме секогаш работа. Секогаш Македонија, посочи Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)