| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Паркови и 30.000 нови садници во општина Центар

Сакам да зборувам од името на секој центарец, сакам чист воздух, сакам паркови, сакам зеленило, истакна денес кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Дејан Јовановски.

– Сакам чиста животна средина, сакам да ги гледам моите деца како го поминуваат своето детство во чиста околина. Го бараме вашиот глас, ја бараме вашата доверба за да можеме во следниот период да засадиме 30.000 нови садници на територијата на општина Центар, да ги зазелениме бетонските недостапни површини. Сакаме да направиме зеленило  и оаза во секој дел од нашата општина. Ќе направиме нови паркови, ќе ги одржуваме истите, а ќе направиме  реконструкција на постоечките, истакна тој.

Јовановски порача дека Центар е срцето на Скопје и побара доверба за да го направи Центар зелен.

– Татко ми, јас и моите синови сме родени во Центар. Израснав на Водњанска, учев во Кочо Рацин, играв баскет кај Томас и бев кошаркар на Работнички. Можам да зборувам од името на секој центарец: „Сакам чист воздух, сакам зеленило, сакам здрава и животна средина, сакам нашите деца безгрижно да го поминат своето детство во чиста и зелена околина. Кога ќе ми ја дадете вашата доверба да бидам градоначалник на Центар, ќе засадиме 30.000 нови садници, ќе направиме нови паркови, ќе ги зазелениме бетонските и недостапните површини, ќе направиме зелени оази во нашата општина, и сите тие ќе бидат соодветно одржувани.

„Центар е срцето на Скопје, сакам Центар да биде зелен!“, изјави Дејaн Јовановски на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top