| четврток, 6 декември 2018 |

Притворен штипјанец кој произведувал марихуана и фалсификувал пари

Штипската полиција открила лабраторија за производство на дрога. Поднесени се две е кривична пријава против 35 годишниот Б.К кој се товари дека „неовластено произведѕвал и пуштаал во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Втората кривична пријава е – „фалсификување пари“. Од страна на судија на претходна постапка на Б.К. му е одередена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, на 25-ти овој месец по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога и пуштање во оптек фалсификувани банкноти (евра), од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и Отсекот за економски криминал при СВР Штип  врз основа на наредба од Основен суд извршен е претрес во домот и помошните простории на Б.К., при што пронајдени и одземени  се вкупно 558,2 грама наркотична дрога марихуана спакувана во неколку најлонски кеси. – стои во соопштението на МВР.

Покрај ова, според документираните сознанија, пријавениот на 21-ви овој месец со намера да се стекне со противправна имотна корист пуштил во оптек четири фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра со кои од турски државјанин купил мобилен телефон марка „Ајфон 6 С“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top