| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу во посета на Македонија, средби со Иванов и Заев

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, синоќа го пречека и оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник од Коња, Ахмет Давутоглу, кој ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

– Довутоглу, кој ќе биде во тридневна работна посета на земјата, по средбата со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе оствари и посета  на Кабинетот на Министерот задолжен за странски инвестиции Ќахил, соопштија од кабинетот на министерот.

Во рамки на тридневната посета на земјата Давутоглу ќе оствари средби и со претседателот Ѓорге Иванов. Предвидено е тој на 28 септември да се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.

Давутоглу подолг период беше Министер за надворешни работи на Турција и важи за еден од главните идеолози на турската надворешна политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top