| четврток, 6 декември 2018 |

Каков пустош зад себе остави ураганот „Марија“ (Видео)

Ураганот “Марија” во Атлантикот падна во категоријата тропска бура, соопшти американскиот национален урагански центар за истражување, со седиште во Мајами, Флорида.

Максималната брзина на ветерот сега е околу 31,2 m / s. Марија е 260 километри југоисточно од Кејп Катерас (Северна Каролина) и се движи кон север со брзина од околу 3,1 m / s.

Претходно, властите во Северна Каролина објавија предупредување за бура во неколку делови од државниот брег.

Повеќе од 10.000 луѓе ги напуштија областите кои наскоро може да бидат во подрачјето на влијание на Марија. Жртвите на “Марија” во Карипските острови станаа околу 60 лица.

Атлантската ураганска сезона обично трае пола година – од 1 јуни до 30 ноември.

Атмосферскиот феномен е класифициран како бура и добива свое име ако брзината на ветерот во неговиот епицентар достигнува 17,4 m / s. При брзина на ветерот од 33 m / s и повеќе бурата станува ураган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top