| четврток, 6 декември 2018 |

Чадиев:Ќе оствариме околу 400 проекти во следниот период, со цел Велес да биде пристојно место за живеење

Јас на моите сограѓани би им порачал дека сме подготвени да продолжиме заеднички да работиме како и досега што работевме и да ги продолжиме многу мал дел од проектите кои што ветивме и не ги реализиравме да ги реализираме во иднина, истакна во дебатата на МТВ кандидатот за градоначалник за Велес Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во изминатиот период дадовме отчет и реализиравме 370 проекти, а за наредниот период ветуваме 148 проекти и се надеваме дека ќе го повториме успехот и ќе оствариме околу 400 проекти во следниот период, а тоа е со една единствена цел Велес да биде пристојно место за живеење и да им овозможиме на нашите сограѓани да работат и живеат во нашиот град, град со нови населби, улични решенија, град на спортот и град на младината, потенцираше Чадиев.

Тој вели и дека како што она што го ветиле во изминатиот период и го оствариле истото ќе биде и со идните проекти за Велес.

-Во иднина ќе одиме заеднички и ќе го слушаме гласот на народот како што го слушавме во минатото се со една единствена цел Велес да продолжи на оваа патека на раст и да створи услови за намалување на невработеноста. Во нашата програма имаме 15 позначајни и поголеми проекти кои што ќе ги реализираме во иднина а тоа се во делот на економијата, развој на идустриската зона Мамурчево како и нови 500 вработувања и отворање на фабрика за производство на пелети и на печки за пелети, потоа имаме уште неколку нови инвеститори кои што побараа дозвола за градба на фабрики, ние ќе градиме и улици и патишта, но акцентот ќе го ставиме на економијата, рече Чадиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top