| четврток, 6 декември 2018 |

Конески во Мичурин: Ќе се реконструираат фасади, ќе се градат паркинзи, ќе се реконструираат улици и тротоари (фотогалерија)

Дождот на ги спречи жителите на Аеродром да присуствуваат на средбата со кандидатот за градоначалник на Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Заедничка Македонија“, Ивица Коневски придружуван од кандидатот за градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски, вечерва беше на средба со граѓаните на аеродромската населба Мичурин.

Еден од покрупните проекти, кој наиде на големо одобрување и поддршка од жителите на Мичурин, е проектот за промена на дотраените и оштетени фасади. Овој проект, кој почна минатата година, ќе го продолжиме и во наредниот период, со што ќе ги обновиме сите оштетени фасади, како во оваа населба, така и на целата територија на Аеродром. – напиша Коневски на својата фејсбук страница.

Средбата со граѓаните се оддржа во срцето на Мичурин, во паркчето во центарот на Мичурин за кое во претстојниот период Коневски најави освежување со хортикултурно уредување и инсталација на автоматски систем за наводнување.

Исто така, ќе го оградиме кошаркарското игралиште во рамки на паркот, со што ќе се зголеми безбедноста на дечињата кои спортуваат на овој терен, а наоколу ќе поставиме нови клупи, корпи за отпадоци и детски реквизи во катчето за најмладите, најави Конески.

Во однос на инфраструктурата, во Мичурин се предвидени нови пешачки патеки од бекатон плочки, реконструкција на сите оштетени улици, изградба на нови паркиралишта и тротоари, како и поставување нови линии за јавно осветлување, со што Мичурин ќе блесне во нов сјај.

Се надевам дека на претстојните локални избори ќе ја добиеме довербата од граѓаните за да може да се реализираат сите предвидени проекти, како што вечерва добивме огромна поддршка од Мичуринци. Им се зaблaгoдaрувaме нa сите жители кoи денескa дoјдoa нa средбaтa, a вo нaредниoт периoд ќе oргaнизирaме уште еднa средбa, кoгa се нaдевaм ќе не пoслужaт временските услoви. – пишува Коневски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top