Голема е честа и возбудата очи очи и со крената глава да ви се обратам и да ви кажам дека е гордост е да ги застапуваш и браниш политиките на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во исто време тоа значи да ги браниш интересите на народот, нивниот патриотизам и непокор, ова на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Виница го истакна кандидатот за градоначалник Мартин Павлов.
-ВМРО-ДПМНЕ е движење за создавање просперитетна и посилна Македонија, Македонија која се движи напред на браникот на уставноста, унитарноста и суверенитетот на државата. Секој од вас знае дека овие избори се повеќе од локални, на 15 октомври Македонија станува повторно на нозе, на 15 октомври ќе се случи референдум за Македонија и сигурен сум дека секој од вас тоа го гледа и дека граѓаните на Виница ќе донесат правилна одлука. Тие ќе кажат не за хаосот и способноста, за сите лаги и манипулации на СДС, сите манипулации со Тиранската платформа, преговорите за името со Грција, а за сето ова со лист и пенкало ќе си ја одбраниме државата, истакна Павлов.
Тој потенцираше дека „Новата Ера“ која почнува ќе ја градиме заедно слушајќи ги вашите идеи кои ќе носат нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
-Ќе направиме поттикнување на малите и средните претпријатија и силна поддршка на постоечките капацитети, ќе ги подобриме условите за живот во општината што подразбира вложување во комуналната и инфраструктурата, ќе изградиме затворен пазар и реконструкција на домот на културата со што општината ќе го заокружи својот урбан лик. Развој на културата, традицијата, верата и спортот ова се нашите предизвици кои доаѓаат, но и кои се многубројни, нашите способности за нивно решавање се докажани. Искуството, потенцијалот, угледот на кандидатите и Коалицијата за подобра Македонија се уште еден доказ за наша идна победа и секој што мисли дека во неговото место за живеење не е направено ништо нека се потсети како беше порано и нека споредува, ова им го потенцираше Павлов пред своите сограѓани.
Тој истакна дека тргнуваат од врата на врата и секаде ќе го бараат гласот на народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пороен дожд во Виница, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар
-
Хорор во Виница: Малолетничка силувана на градскиот стадион
-
Огромна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ: Виница на нозе за промоцијата на Мартин Павлов (Фото)
-
Груевски: Направено е многу за Виница во изминативе 4 години,а она што радува е изградената индустриска зона во близина!