Нова технолошко-индустриска развојна зона во близина на локалитетот Аџитепе, поддршка за постоечките индустриски зони, како и формирање економски каталог се само дел од мерките опфатени во програмата за локален економски развој кои ги промовираше кандидатот за градоначалник за Куманово, од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски денеска во кумановско Доброшане.
– Една од мерките што ја имаме во програмата за локален економски развој, покрај најавената ТИРЗ зона во локалитетот на Аџитепе е помагање на веќе постојните „диви“ индустриски зони со нивно инфраструктурно доуредување со сообраќајно-технички решенија, преку промоција со одредени табли за сите овие фирми со цел за нивна поуспешна работа, за нивна поголема промоција и зголемување на постојните капацитети и за намалување на невработеноста, изјави Ѓорѓиевски.
Тој најави подготовка на економски каталог, во кој ќе бидат опфатени сите компании во Куманово, со потенцирање на нивните капацитети, човечките и природните ресурси на градот Куманово, со што заинтересираните потенцијални странски инвеститори ќе имаат информации за економската состојба во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)