| четврток, 6 декември 2018 |

Кирил Пецаков: За ВМРО-ДПМНЕ политиката е одговорност! Секогаш работа, секогаш Охрид, секогаш Македонија

За нас најважната работа е дадениот збор. Во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем број проекти за кои дадовме збор, максимално се вложивме за изградба на Охрид како современа општина. Сите охриѓани видоа една нова сосема отворена локална самоуправа, посветена кон целата јавност и која беше вистински сервис во решавањето на проблемите и на потребите на секој жител во Охрид. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти што ќе ги понудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години, oва денеска го истакна д-р Кирил Пецаков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

-Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Охрид. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела. Ги повикувам сите политички субјекти на соработка и заемно почитување со цел зајакнување на демократските капацитети во сите сфери на современото живеење. По позитивниот почеток на на кампањата, да продолжиме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, со чесност и со работа, истакна Пецаков.

Тој подвлече дека за него како личност, политиката не е борба за власт.

-За ВМРО-ДПМНЕ политиката е одговорност. Политиката е натпревар на идеи, служење на народот. Вие го заслужуваувате тоа и го очекувате а наше е да ја оствариме довербата како света работа. Да го заокружиме бројот 13 за тринаесет советници и мнозинтво во Советот за продолжување на делата за светла иднина во Охрид. Секогаш работа, секогаш Охрид, секогаш Македонија, додаде Пецаков.

 

извор: Охрид24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top