| четврток, 6 декември 2018 |

Чадиев: 47 улици во Велес ќе добијат нов асфалт, за граѓаните ќе обезбедиме квалитетен живот (Видео)

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Велес, Славчо Чадиев, заедно со дел од кандидатите за советници, денес промовираа дел од проектите од инфраструктурата што ќе ги реализираат во наредниот период.

– Изградбата на патиштата и улиците низ градот се од суштинско значење за обезбедување на квалитетен живот на граѓаните и економски раст и развој на општината. Токму заради тоа во изминатиот период силно инвестиравме во оваа сфера, реализиравме конкретни проекти и остваривме дела кои можат да ги видат сите велешани. Вложувањата во комуналната инфраструктура за мене, кандидатите за советници и целиот мојот тим и понатаму остануваат врвен приоритет. Во таа насока сакам да информирам дека и во новата програма предвидуваме голем број конкретни проекти преку кои вложувањата во инфраструктурата ќе бидат уште посилни.  Се заложуваме за изградба на нови патишта и реконструција на улиците, се’ со цел на граѓаните да обезбедиме квалитетен живот – со ваша поддршка драги Велешани тоа и ќе го направиме!  Затоа, сакам да информирам дека во наредниот период ќе реконструираме 47 улици во општината и ќе извршиме уредување на тротоари на најмалку пет улици низ градот. Вкупната инвестиција за овие проекти изнесува 61 милион и 100 илјади денари средства што ќе бидат обезбедени од Буџетот на општината, истакна Чадиев пред велешани.

Тој информираше кои улици ќе се реконструираат:

– Улица „Богдан Прличков” со потпорен ѕид – населба Којник
– Улица „Орце Мартинов” – населба Болнички Дол
– Улица „Игманска” – населба Болнички Дол
– Улица „Сараевска” (крак) – населба Болнички Дол
– Улица во населбата „Хабитат” – населба Тунел
– Две улици (главна и споредба) во Населбата „Превалец”
– Улица „Васа Кошулчева”
– Патеки во Населбата „УЗУС”
– Две улици во Населбата „Речани 2”
– Улица во Населбата „Дурутовец”
– Улица во населба „Весела Долина”
– Две улици во Населбата „Каменот”
– Улица „Ѓорги Димитров” – населба Прцорек
– Улица „Маца Овчарова” – населба Поток и Соколаана
– Улица „Вера Циривири” – населба Поток
– Улица „Кресненско востание” – Соколаана
– Улица „Тодор Јанев” – МЗ Димитрија Чуповски
– Улица „Максим Горки” со потпорен ѕид – населба Мегдан
– Три улици во Населбата „Дворови” (кај Детската градинка, ул.„Благој Нечев”, улица до железничката пруга)
– Улица „Кукушка” – населба „Дворови“
– Улица „Коле Цветков” (од спој со улица „Благој Кирков” до крај) – населба Црна Џамија
– Улица помеѓу ул „Петре Алчев” и ул. „Васил Ѓоргов” – населба Болнички Дол
– Улица „Рилски Конгрес” (од почетокот до спој со улица ,,Љубљанска”) – УЗ Димитрија Чуповски
– Улица „Ризо Ризов” – населба Болнички Дол
– Улица „Даре Џамбаз” – населба Болнички Дол
– Улица „Шефки Сали” (од Шумско стопанство „Бабуна” до „Карпа Маале”)
– Дел од улица „Богдан Каракостев” – населба Прцорек
– Улица „Питу Гули” – населба Којник
– Улица „Камка Тоцинова” – населба Керамидна
– Улица „Павел Шатев“ – населба Керамидна
– Санирање на асфалтни нерамнинини
– Пешачка патека до Општа Болница
– Уредување на спојот на ул.Ѓорѓи Војтеш со ул.Борис Трајковски – Нова Населба
– Уредување на улица Христо Татарчев со ул.индустриска кај Брако Петрол и Пролет комерц

Во населените места ќе бидат реконструирани и изградени:

– Улица во село Караслари (до гробишта)
– Две улици во село Отовица
– Две улици во Башино Село
– Улица во село Сујаклари
– Две улици во село Иванковци
– Улици во село Црквино (центар на селото)
– Улица во село Раштани

Исто така за да се олесни движењето на пешаците, а улиците да добијат една функционална целина ќе се реконструираат и уредат тротоари на следните улици:

– Тротоар на улица „Лазо Осмаков”
– Тротоар на улица „Благој Ѓорев” (од поранешен „Офицерски дом” до зградата на „Пошта”)
– Тротоари на улица „Андон шурков” (од мостот кај бензинската „Црна река” до ССОУ „Коле Неделковски”)
– Улица „Вардарска” (тротоар во населбата „Шорка”)
– Тротоар на улицата „Академик Пенчо Давчев” во населбата „Речани” (поранешна улица „Скопски пат”)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top