Мартина Валенчиќ (32) е словенечка претприемничка од Нова Горица која овие недели ги собира потребните потписи за кандидатура на претседателските избори, кои ќе се одржат на 22. октомври. Но, на јавноста најмногу и е позната по тоа што позирала гола за календарите во 2010 и во 2011 година.
Младата претприемничка веќе се обидела да се кандидира на претседателските избори во 2012. година, но тогаш не успеала да собере доволно потписи и да стане официјална кандидатка. Одела и на парламентарни избори во 2014. година како кандидатка на партијата „Напред Словенија”, која на крајот забележала ужасен процент на гласови – 0,24 проценти.
Таа истакнува дека најпрво е претприемничка и ги отрфла тврдењата дека се фотографирала гола за полесно да стане претседателска кандидатка во 2012. година. Тоа е лага, вели таа, бидејќи фотографиите се направени 2 години порано.
– Па, ако веќе така пишуваат, тогаш би било подобро да кажат дека претприемничката Марија се фотографирала гола – вели таа.
Обидувајќи се да кандидира на изборите во 2012., за сегашниот претседател на Словенија, Борут Пахор, рекла дека манекен во служба на чичковците од сенка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.