| четврток, 6 декември 2018 |

Решена најголемата мистерија на светот: Како се изградени пирамидите во Гиза (Видео)

Археолозите пронашле нови докази кои откриваат како било изградено најстарото светско чудо, Кеопсовата пирамида во Гиза, јавува “Fox News”. Доказите покажуваат дека древните Египќани ја изградиле Големата пирамида пренесувајќи 170.000 тони варовник во бродови.

Досега било познато дека каменот бил пренесува од Тура, оддалечен на 13 километри, а гранит земале од 860 километри оддалечениот Асуан. Археолозите досега не се согласувале околу тоа на кој начин материјалот за изградба на пирамидите биле пренесуван во Гиза, но пронашле папирус, древен брод и мрежа пловни патишта кои докажуваат дека го пренесувале преку реката Нил.

Камените блокови од 2,5 тони биле пренесувани преку посебни водени канали до пристаништето оддалечено на само неколку метри од темелите на Големата пирамида.

Пронајдениот папирус е прв директен запис за начинот на градење на пирамидата, а го потпишал градителот Мерер, кој детално опишува како материјалот бил пренесуван од Тура до Гиза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top