Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски самиот се предложил да ја претставува владата во Управниот одбор на Телеком а премиерот Зоран Заев и владата ја одобриле ваквата одлука, покажуваат документите кои протекоа во јавноста.
На 3 август Владата го овластила Драган Рашковски да присуствува и да биде владин преставник на Собранието на акционери на Телеком, а документ си го потпишал самиот Рашковски. Полномоштвото било потпишано и од Зоран Заев.
За секое присуство на седница на Собранието на акционери Рашковски ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.
Според познавачите на правото, се работи за класичен конфликт на интереси. Генералниот секретар на владата е и владин преставник на собрание на акционери.
Дополнително, по првите контакти со Телеком, Рашковски за правните работи сакал да го ангажира својот кум адвокатот Дејан Костиќ за правен застапник на Телеком.
Инаку истата адвокатска канцеларија на Костиќ е ангажирана и од Рашковски да ги води правните работи на генералниот секретаријат на владата иако Владата поседува свои правни служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.