Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, располага со богат возен парк, покажува неговиот анкетен лист. Освен познатиот четрицикл „кавасаки“, кој јавноста го виде на минатогодишното рели кога возеше веднаш до сегашниот премиер, Рашковски како голем љубител на моторите, во својата гаража има и „хонда голдвинг“ од 2008 година.
Во анкетниот лист е заведено дека четрициклот вреди 5.800 евра, а пак хондата го чинела поранешниот професор 7.800 евра.
Освен тоа, Рашковски во своја сопственост има и волво, а на име на неговата сопруга се наведени исто така волво од 2005 година и БМВ од 2003 година, двете возила во вкупна вредност од 13.000 евра.
Од имот генералниот секретар поседува стан во Скопје во вредност од 65.000 евра. Во Струмица, пак, има земјоделско земјиште од 2.089 метри квадратни.
Рашковски во 2016 година примил авторски хонорар од 2.900 евра, а во банка има вкупен депозит од 42.000 евра и кредит од 68.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рашковски разрешен од позицијата владин претставник во „Телеком“
-
Рашковски на државна сметка шета низ светот, никој не кажува колку чини тоа негово задоволство!
-
Народот ја одмота спиралата на Рашковски (ФОТО)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд