Владата на денешната седница донесе одлука за замена на генералниот секретар Драги Рашковски од позицијата претставник на Владата во акционерското собрание на „Телеком“ и на таа позиција ја назначи Тања Чачарова-Илиевска, советник за правда во канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.
На седницата било одлучено за директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство да биде именуван Ејуп Јахја, за директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа назначен е Сеад Садуковски, а за директор на Државниот пазарен инспекторат е именуван Стојко Пауновски.
На денешната седница беа именувани и претставници во Советот на Јавната научна установа Институт за македонска литература, прившто на оваа позиција Владата ги назначи Димка Митева, Љубица Станковска и Владимир Мартиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колку тежи генералниот секретар на Владата?
-
Рашковски на државна сметка шета низ светот, никој не кажува колку чини тоа негово задоволство!
-
Народот ја одмота спиралата на Рашковски (ФОТО)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд