Со митинзите во Виница (18 часот) и во Кочани (20,30 часот) продолжува кампњата на ВМРО ДПМНЕ за локалните извори кои ќе се одржат на 15 октомври, во недела. По првиот митинг во Охрид кој се одржа вчера, каде што беше претставен кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ на овој град, Митко Тилевски, денеска во Виница и Кочани ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници на овие општини, Мартин Павлов и Ратко Димитровски.
Според агендата, следат митинзи во Неготно и Кавадарци (29. септември), Вевчани, Струга, а петок 29 септември се митинзите во Бутел и Карпош. Потоа се продолжува во Гостивар и Тетово, следат Свети Николе и Штип, Македонски Брод и Кичево, а 3 октомври се митинзите во Ѓорче Петров и Куманово. По Ресен и Битола, на петти октомври има митинзи во Центар и Кисела Вода, а потоа кампањата се сели во Крушево, Прилеп, Кратово, Пробиштип и Крива Паланка, Радовиш, Струмица, Валандово, Гевгелија. На 10 октомври има митинзи во Гази Баба и Шуто Оризари, а потоа кампањата се сели во Берово и Делчево. На два дена пред молкот ВМРО ДПМНЕ ќе има митинзи во Аеродром и во Велес, а финишот е во Скопје.
СДСМ денеска во агендата ги има митинзите во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија каде што ќе ги претстави своите кандидати за градоначалници.
Според агендата, Демократската унија за интеграција вечерва ќе одржи митинзи во Пласница, Дебреште и во Црнилиште.
ДПА пак митинг ќе одржи во Житоше, општина Долнени.
Од Алијансата за Албанците (НДП – УНИТЕТИ) за денеска најавија дека ќе отворat изборен штаб во село Чајле, гостиварско, во присуство на кандидатот за градоначалник на Гостивар, Шпат Исеини.
Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)