| четврток, 6 декември 2018 |

13-годишно девојче направи салто наназад со инвалидска количка (Видео)

Тринаесетгодишната Лили Рајс од Велс е првата Европјанка која успеа да направи салто наназад со инвалидска количка.

По шестчасовен тренинг и бројни неуспешни обиди, Лили успеа во намерата и направи совршено салто наназад во „Рампворлд“ во Кардиф.

Лили боледува од наследна спастична параплегија што предизвикува слабост во долниот дел од телото. Таа се надева дека ќе успее да учествува на натпреварот Wheelchair Moto X што ќе се одржи во Калифорнија следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top