| четврток, 6 декември 2018 |

Врачување на наградата „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

По повод Европскиот ден на јазиците, Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи денеска ќе ги соопштат победниците на награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“ која се доделува по четврти пат.

– Целите на наградата за најдобар млад преведувач, започната од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, се промоција на младите преведувачи, како и поттикнување на квалитетот во преведувањето книжевни дела. Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, додека делата мора да се преводи на книжевни дела од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било кој од јазиците што се говорат во земјата, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Наградите ќе ги врачат Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, и Огнена Никуљски, претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).

На настанот, кој ќе се одржи напладне во трговскиот центар Рамстор, ќе биде објавено и петтото издание на Наградата за најдобар млад преведувач Вавилон и ќе бидат соопштени детали за  критериумите за Наградата 2018.

Годинашната свеченост за доделување награди е дел од настанот организиран заедно со ЕУНИК Скопје каде што учесниците ќе имаат можност да учествуваат на јазични работилници, како и да ги посетат штандовите со изложени преведени книги од различни европски јазици и книги преведени на локалните јазици во рамки на програмата „Креативна Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top