| четврток, 6 декември 2018 |

На 23 јуни Супермесечина на небото над Македонија

poln-mesecЗа 10 дена, на 23 јуни од небото ќе сјае Месечина која ќе ни се чини поголема од обично. Се работи за Супермесечина, што е појава која предизвикува максимални плими и осеки во годината. Времето кога Месечината ќе биде најблизу до Земјата ќе биде 13.32 според нашата временска зона.

Тоа е млада или полна Месечина, која се појавува на најблиската точка или е на 90 проценти од максималната близина на Земјата во својата орбита. Земјата, Месечината и Сонцето се наоѓаат во иста рамнина, а Месечината е на своето најмало растојание од Земјата – стои во дефиницијата за Супермесечината која доаѓа од астрологија.

Во астрономијата оваа позиција се нарекува Перихел иако феноменот е повеќе познат по името кое ѝ го дал астрологот Ричард Нол во 1979 година. По таа дефиниција, постојат три Супермесечини во годината, но наредната која ќе се случи за време на претстојната полна Месечина на 22 јуни ќе биде најголема во годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top