Кампањата за локалните избори 2017 година денеска и официјално започна, а кандидатите за градоначалници ќе имаат време до 13 октомви да ги претстават своите програми и идеи пред граѓаните.
Аеродромци на престојните локални избори ќе бираат помеѓу кандидатите на ВМРО – ДПМНЕ, Ивица Коневски и Златко Марин од СДСМ. Додека Коневски е добро познато лице и име во една од општините со најголема територија во Скопје, голем дел од Аеродромци името на неговиот ривал за изборите, минатиот месец го слушнаа за прв пат.
Коневски го сработи својот втор мандат во општина Аеродром и може одговорно да се каже дека во изминативе 8 години драстично го промени изгледот на општината. Многу обновени и проширени улици, нови зелени катчиња за граѓаните, многу километри каналицациски и водоводни мрежи, инфраструктира, нови училишта и градинки, игралишта беа изградени, па се до спортски и клутурни настани кои редовно беа организирани за жителите изминативе години.
Аеродром е една од ретките општини во Македонија без денар долг и со обезбедени средства за наредните 4 години. Тоа се должи исклучиво на одговорно и домаќинско работење, изјави градоначалникот Ивица Коневски, на прес-конференција на која неодамна го претстави отчетот за сработеното во текот на неговиот втор мандат од 2013 до 2017 година.
Како една од ретките општини во Скопје каде паркирањето не е проблем, „тесни грла“ сообраќајот нема скоро никаде и една од општните која е најпосакувана за живеење, Аеродромци се задоволни од тоа во кој правец се развива нивната општина.
Против себе Коневски го има кандидатот на СДСМ, Златко Марин кој и не и е така добро познат на јавноста. Во периодот по објавувањето на неговата кандидатура во повеќе свои настапи само јавно го критикуваше актуелниот градоначалник на Аеродром, но помалку зборуваше за тоа како тој ќе го подобри животот на Аеродромци.
На социјалните мрежи веќе кружат неколку видеа од изјавите на Марин кои не се совпаѓаат со вистината, како и од неговата „елоквентност“. Исто така на Фејсбук групата „Аеродром во моето срце“ беа објавени информации дека Марин, уште неседнат на градоначалничкото столче рекетирал фирми преку кои обезбедил компјутерска опрема за штабовите на СДСМ.
Аеродром во моето срце: Со рекет Марин ги опремил штабовите на СДСМ во Аеродром со компјутери
Светлосни години далеку од сето она што неговиот против кандидат го има направено за Аеродром, на сметка на Марин стигнаа и обвинувања дека обезбедил бесплатни гозби за него и неговата екипа во кафеаните „Рулет“ и „Т‘га за југ“ , во текот на изборниот период, со ветување дека по изборите доколку ја добие локалната власт, ќе ги легализира нивните објекти, но и дека нема да стапне инспекција во нивните локали, се додека СДСМ се на власт.
Додека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром, Златко Марин само критикува, Ивица Коневски низ годините наназад градеше и реализираше проекти во интерес на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)