Со митингот во Охрид кој почнува во 19 часот, ВМРО ДПМНЕ ја почнува официјалната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври, во недела. Традиционално, оваа партија кампањата ја почнува во Охрид, а финишира во Скопје, на 13 октомври, петок во 18 часот.
На митингот во Охрид ќе биде претставен кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ на овој град, Митко Тилевски.
Според агендата, по Охрид следат митинзи во Виница, Кочани, потоа Неготно и Кавадарци (29. септември), Вевчани, Струга, а петок 29 септември се митинзите во Бутел и Карпош. Потоа се продолжува во Гостивар и Тетово, следат Свети Николе и Штип, Македонски Брод и Кичево, а 3 октомври се митинзите во Ѓорче Петров и Куманово. По Ресен и Битола, на петти октомври има митинзи во Центар и Кисела Вода, а потоа кампањата се сели во Крушево, Прилеп, Кратово, Пробиштип и Крива Паланка, Радовиш, Струмица, Валандово, Гевгелија. На 10 октомври има митинзи во Гази Баба и Шуто Оризари, а потоа кампањата се сели во Берово и Делчево. На два дена пред молкот ВМРО ДПМНЕ ќе има митинзи во Аеродром и во Велес, а финишот е во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)