Маршот на Турците од Македонија, Косово, Бугарија и Албанија што ќе се одржи задутре ќе биде емитуван во живо на турските државни медиуми.
Во Скопје како и во другите градови во регионот маршот ќе започне в петок веднаш по петочната молитва. На маршот граѓани и невладини организации ќе му дадат отворена поддршка на турскиот Премиер Таип Реџеп Ердоган во врска со настаните на Таксим.
Претставници на Турските политички партии во Македонија не се задоволни од антивладините протести во Турција и затоа се решиле на овој начин да изразат поддршка за турскиот Премиер и неговата влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.