| четврток, 6 декември 2018 |

Во кратовско Куклица се одржа манифестацијата „Шопска свадба“2017

Обичаите и традицијата од Шопскиот крај на Кратовско, беа презентирани преку сценска адаптација на Манифестацијата „Шопска свадба“ која денеска се одржа на локалитетот Камени кукли во селото Куклица, Кратовско. Манифестацијата претставува возобновување на обичаите од ова поднебје, се одржува трета година по ред во органзиација на Здружението „Етно ризница“, Куманово.

– Целта е овој настан да стане препознатлив бренд на регионот, а иако традиционална, манифестацијата планираме да прерасне во интернационална, со оглед на се поголемиот интерес на населението од година во година. Презадоволен сум што овој прекрасен локалитет со настанот буквало оживува, како во времињата кога овде живееле многу луѓе кои ги негувале традиционалните обичаи, изјави Драган Јакимовски, од Етно ризница.

Годинашната манифестација се реализираше без младенци, со сценска адаптација „Шопска свадба“, во изведба на членови на Културно­уметничко друштво „Ѓоко Симоновски“ од Куманово.

– Целта на настанот е да ги одржи културно­историските вредности на овој крај, што според мене и е постигнато, додаде Јакимовски.

На локалитетот се одржа и богата културно­уметничка програма на која беа изведени и песните од првиот носач на звук насловен „Етно ризница“, со народни песни од вој крај, со кој истите се зачувани од заборав.

(МИА)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top