Италијанскиот репрезентативен напаѓач, Чиро Имобиле, ја продолжи својата голгетерска форма и постигна два гола за победа на Лацио на гостувањето кај Верона од 0-3. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога прво од белата точка, а потоа по еден одличен соло-продор Имобиле ја нокаутираше екипата на Верона. Третиот гол за Лацио беше дело на Црногорецот Марушиќ.
Од 15 часот екипата на Интер ja дочека Џенова и едвај стигна до трите бода во последните минути од мечот. Спасител за домаќинот беше десниот бек, Д’амбросио кој го постигна единствениот погодок на мечот во 88. минута.
Останата резултати од шестото коло во италијанската најсилна лига денеска: Сампдорија – Милан 2-0, Каљари – Киево 0-2, Кротоне – Беневенто 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)