Според албанската агенција НОА, Бериша рекол дека обединувањето на Албанците е добро и за соседните земји и дека тоа е процес што може да „придонесе кон ублажување на нивната албанофобија“.
Во оваа смисла, албанскиот премиер ги оценил како „сосема неприфатливи ставовите за Прешевската долина и за Македонија“ и ги повикал тамошните Албанци „да не подлегнуваат на провокации и ладнокрвно и без брзање да ги поддржат зрелото решавање на проблемите и ублажувањето на тензиите“.
Премиерот на Албанија, Сали Бериша на средба со група Албанци од Македонија и од Косово што до Валона пешачеле 18 дена, поради прославата на 100 години од независноста на Албанија, рекол дека маршот има симболично значење на „маратон за албанско единство“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.