| четврток, 6 декември 2018 |

Сали Бериша десет дена исклучен од Парламентот

Битката“ од Лазарат се префрли во албанскиот Парламент, во битка со жешка дебата, навреди и обвинувања меѓу власта и опозицијата.

Социјалистичкиот пратеник Таулант Бала побара од поранешниот премиер Сали Бериша да ја каже неговата поврзаност со Разип Гате Махмутај од Лазарат уапсен во полициската акцијата во Лазарат.

– На телефоните на уапсените може да се прочитаат пораки на кои стои иметото на Бериша, обвини Бала.

Бериша во обраќањето рече дека целосно ја поддржува полицијата во акциите против шверцерите со дрога, но не кога, како што рече, првиот човек на извршната власт е вмешан во овој шверц. Обвинувајќи ја полицијата дека ги тероризира жителите на Лазарат, упати апел да не се пука во нив, по што употреби недолични, навредливи зборови упатени за сопругата на министер за труд и социјална благосотојва, Ерион Велиај.

– Не заслужува да се слуша гласот на еден маж чија жена ја нарекуваат протитутка, рече Бериша.

Веднаш по овие негови зборови пратениците од власта го опколија Бериша, на собраниската говорница, и од потежок инцидент и напад го спасија припадниците на националната гарда.

Седницата беше прекината, а на барање на пратениците од владејачката Социјалистичка партија, Бирото на Парламентот, одлучи Бериша да биде исклучен од работата на законодавниот дом десет дена, поради недолично однесување.

Бериша, кој беше премиер од 2005 до 2013 година на ланските јунски парламентарни избори беше избран за пратеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top