| четврток, 6 декември 2018 |

Повикот на Сали Бериша за вооружување на граѓаните бил „Политички поглед“

berishaЈавното обвинителство во Албанија соопшти дека нема да презема дејства против поранешниот премиер на земјата Сали Бериша поради неговиот повик до граѓаните да се вооружат.

Против Бериша беше поднесена пријава од владејачката Социјалистичка партија, откако ја обвини владата за врски со криминални групи и ги повика Албанците да се вооружат за да можат да се бранат.

Поседувањето оружје е нелегално во Албанија и Бериша побара да се подготви нов закон за да можат граѓаните да поседуваат оружје.

Јавното обвинителство посочи денеска дека зборовите на Бериша претставувале „политички поглед”, за кој не треба да носи кривична одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top