| четврток, 6 декември 2018 |

Фотомонтажа ги „уби“ сопствениците на „Платина инженеринг“

platinaСопружниците од Македонија, Рокан (55) и Маријана (55) Атанасоски, газди на фирмата „Платина инженеринг“, не се убиени. Лажна насловна ги збуни Македонците, кои добија информација дека некогашните бизнисмени во градежништвото, осудени на 15 години затвор поради измама, се убиени. Информацијата беше дека наводно тие се пронајдени застрелани во стан во Мар дел Плата во Буенос Аирес. Насловната страница со ваквата информација брзо се прошири на социјалните мрежи и во медиумите.

Се работи за страница од 2010 година на која во фотошоп е вметната веста за Македонците кои се во бегство. Тие се осудени во 2007 година за перење пари. Маријана Атанасоска доби осум години затвор, а нејзиниот сопруг беше осуден на седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност и за перење пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top