Ќерката на азербејџанскиот претседател наишла на остри критики на јавноста, кога била фатена како се фотографира во текот на говорот на нејзиниот татко во ОН.
Претседателот Илхам Алијев на светските лидери во Њујорк им зборувал за крвавата војна во Нагорно-Карабах, која се водела во 1992. година, меѓутоа, тоа време неговата ќерка Лејла го искористила за позирање.
Генералното собрание на ОН е медиумски многу следен настан, та така ова бесмислено позирање завршило на пренос во живо.
На почетокот, таа мирно седела покрај својата мајка и го следела говорот на својот татко, но тоа по неколку минути поприлично и здодеало.
“Ова едноставно е недостиг на култура на богатите деца. Така тие ја воспитале”, гласел еден од многубројните коментари кои набрзо се појавиле на социјалните мрежи.
“Ова е многу срамно за семејството. Да правиш такви фаци додека татко ти зборува за геноцид”, напишал еден бесен граѓанин на Азербејџан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)