Ема Стоун, американската актерка и добитничка на „Оскар“ за своите проблеми одлучила да проговори јавно, со цел да им помогне и на другите кои се борат со анксиозност и напади на паника. Гостувајќи во “The Late Show with Steven Colbert”, најплатената актерка на денешницата, ѝ открила на јавноста малку познати детали од својот приватен живот.
Имено, во текот на интервјуто со Стивен Колберт, Стоун покажала цртеж кој го нацртала кога имала девет години, во период кога посетувала терапија. Покажувајќи го цртежот, таа рекла:
– Поголема сум од својата анксиозност. Ова сум јас со својата анксиозност – таа е мало зелено чудовиште – изјавила таа.
Малкумина знаат дека славната актерка уште од најраното доба се бори со анксиозност и панични напади, а таа на седум години веќе почнала да посетува терапија.
– Бев многу анксиозно дете и често имав панични напади. Самата терапија многу ми помогна – изјавила Стоун.
28-годишната актерка открила дека токму актерството ѝ помогнало во подобрување на менталната состојба. За жал, таа сè уште се бори со анксиозноста.
– Актерството и импровизацијата ми помогнаа. Анксиозноста е сè уште тука, но не и паничните напади, за среќа – изјавила Стоун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.