| четврток, 6 декември 2018 |

Ема Стоун со години лажно се претставувала

Дали знаевте дека славната актерка Ема Стоун воопшто не се вика така?
Славната актерка Ема Стоун има само 28 години и веќе е сопственичка на престижната награда Оскар. Таа ја доби својата златна статуетка за улогата во филмот ‘La La Land’, а нејзините обожаватели се уверени дека ова е само почетокот на нејзината успешна актерска кариера.

Со добивањето на престижната награда, јавноста и медиумите дополнително се насочија кон младата актерка, па се откриваат многу детали од нејзиниот живот. Еден од нив е и тој дека Ема не е нејзиното вистинско име. Имено, кога Ема имала 16 годин, Здружението на актери (SAG) и` соопштило дека не може да го користи своето вистинско име Емили Скот ако сака да стане актерка, бидејќи веќе постои една со тоа име.

02-ema-stoun-vistinsko-ime

„Имав 16 години кога од SAG ми рекоа дека не можам да го користам моето име. Кога ќе и` кажете на една 16-годишна девојка да одбере ново име, тоа е интересен процес“, рекла актерката за магазинот „W”.

„Тогаш мислев дека ќе бидам Рајли. Моето име ќе биде Рајли Стоун. Меѓутоа, кога добив гостувачка улога во серијата „Малком во средината“, еден ден со часови ме довикуваа со тоа име, а јас немав поим за кого зборуваат. Тогаш сфатив дека не можам да бидам Рајли“, открила актерката и додала дека се обидела со уште неколку опции.

„Постоеше и опцијата Емили Џ. Стоун, а тоа беше слично како Мајкл Џ. Фокс. Јас го сакам Фокс, но и тоа не можеше да функционира“, додала актерката.

И така, Рајли и Емили Џ. Стоун на крајот сепак се претвориле во Ема Стоун која денес ја познаваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top