Ѕвездата на „Ла, ла, ленд“, Ема Стоун, заработи 26 милиони долари за период од 12 месеци од јуни 2016 до јуни 2017 година, главно поради успехот на холивудскиот мјузикл, пренесе Би-би-си.
Тоа ја става 28-годишната актерка на врвот на годишната листа на магазинот „Форбс“ победувајќи ги имињата на Џенифер Анистон и Ема Вотсон.
Џенифер Лоренс, која беше на врвот на листата во 2016 година, беше трета со заработка од 24 милиони американски долари.
Џенифер Лоренс е на врвот на листата на „Форбс“ во изминатите две години, главно поради нејзината заработувачка од серијалот. Во 2016 година таа доби 46 милиони долари по објавувањето на The Hunger Games: Mockingjay – Part 2, последниот во серијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.