Македонскиот евергрин, „За нас почнува живот“ на легендарниот македонски музичар Драган Ѓаконовски-Шпато, а во изведба на Даниела Панчетовиќ е песната на која Каролина Гочева и Михаил Корубин го одиграле првиот свадбен танц.
Дел од македонската естреда вечерва е гостин на свадбата на Каролина и Михаил и повеќето од гостите почнаа да објавуваат фотографии од веселбата која се одржува на аеродромот Стекновец, во близина на Скопје.
Меѓу гостите се нејзината колешка и другарка Тамара Тодевска со сопругот, Елена Ристеска, потоа Панчо, актерката Весна Петрушевска со ќерката Мина, ди-џејот Зоки Бејбе…
Каролина, според социјалните мрежи се пресоблекла и таа запаела на својата свадба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)