Кејт Мидлтон изгледаше како вистинска принцеза на својата венчавка со принцот Вилијам која се одржа во 2011 година во Лондон.
За венчаницата беше заслужна Сара Бартон, креативната директора на модната куќа „Александар Меквин“ која ја дизајнираше нејзината венчаница од бајките.
Кејт сакала нејзината венчаница да биде комбинација на традиционално и модерно, со уметничка визија карактеристична за Меквин.
Британските медиуми своевремено пишуваа дека венчаницата чини неверојатно 250 илјади фунти, но портпаролот на кралското семејство ја негираше таа информација.
Според пишувањето на „Харперс Базар“ многумина не знаат ека Кејт имала и втора венчаница.
По церемонијата и за време на вечерата во палатата војвотката од Кембриџ се пресоблекла во втор фустан, исто така дело на Сара Бартон, направен од сатен со широк дијамантски ремен и болеро од ангора волна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.