Во венчаница купена од Италија, поп-пејачкта Каролина Гочева денеска се мажи. И покрај претпоставките дека свекрвата Лиле Корубин која е позната модна дизајнерка, би можела да и ја смисли венчаницата, сепк поп-ѕвездата ќе носи дизајн од Италијa.
Нашата најпопуларна поп-пејачка конечно ќе го изговори судбоносното „да“ на својот избраник Михаил Корубин.
Се зборува дека свадбената веселба ќе биде под шатори, надвор од Скопје, наводно во близина на Општината Петровец. Поп-пејачката мислела на сè, па ангажирано е и обезбедување, кое ќе го чува просторот за да не може да се фотографира.
Каролина пред две недели направи моминска вечер на која беа поканети нејзините најблиски другарки, но и колешки од естрадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.