Фактот дека Ештон Качер има брат близнак го знаат малкумина, а уште помалку дека пет минути помладиот Мајкл Качер е роден со церебрална парализа. Неодамна, холивудскиот актер посветил емотивен говор токму на својот брат, со кој е особено поврзан.
Кога ја примил наградата, тој заблагодарувајќи им на присутните во центарот “Ron Pearson”, се борел со солзите. Но, емотивниот говор не бил посветен на неговата сопруга Мила Кунис, ниту на неговите деца.
Својот говор, холивудскиот актер Ештон Качер го посветил на својот брат близнак, Мајкл Качер, кој се родил со церебрална парализа.
-Роден сум како близнак и од моментот кога пристигнав на овој свет, започнав да го делам животот со некој. Го делев секој роденден, секој Божиќ, својата соба, облеката, делев апсолутно сè што имав и не знаев дека постои поинаков начин на живот од оној мојот брат да е постојано со мене-, изјавил емотивниот Качер и продолжил.
-Мојот брат е роден со церебрална парализа и она што тој ме научи е дека луѓето не се еднакви. Со години се борев со тагата и се чувствував лошо бидејќи не сме исти.
Мајкл Качер се родил пет минути по својот славен брат. Тој за нивните родители бил изненадување, бидејќи тие дознале дека чекаат близнаци пред самиот момент на породување. Мајкл бил толку мал што докторите биле уверени дека нема да преживее. Но, семејството Качер им докажало дека тие не се во право.
Сепак, не поминало долго време кога забележале дека Мајкл не се развивал со еднаква брзина како и Ештон, а набрзо му била дијагностицирана и церебрална парализа. Голем шок за целото семејство бил моментот кога на Мајкл му дијагностицирале срцева болест за која морал да се подложи на итна трансплантација. Ештон бил толку врзан за својот брат што изјавил желба да му го донира своето срце, иако и двајцата имале само 13 години. За среќа, бил пронајден донор, а браќата оттогаш се неразделни.
Колку се поврзани и колку му значи неговиот брат говори и фактот дека во 1996 година, познатиот актер запишал биохемиски инженеринг од само една причина – да пронајде лек за церебрална парализа. Иако тој не го завршил факултетот бидејќи тргнал по сосема друг пат, Ештон секогаш бил присутен за својот брат.
А Мајкл? Тој докажал дека инвалидитетот нема да му ги одземе неговите желби и соништа. Тој е среќно оженет и има син, а посветен е своето искуство да го пренесе на младите, говорејќи им дека ништо не смее да ги спречи во остварување на нивните цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.