| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинат баражот во Штип, фудбалерите на Дрита го нападнаа судијата

Фудбалерите на Дрита го нападнаа судијата Далибор Ѓорѓевски, кој го прекина бараж натпреварот во Штип за пласман во Првата фудбалска Лига на Македонија. Прекинот се случи во 70. минута при резултат 3-2 за Еуромилк и пенал за тимот од скопската населба Лисиче.

Бујчевски беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, па судијата досуди пенал за второлигашот, а фудбалерите на Дрита незадоволни од одлуката го нападнаа Ѓорѓевски. Овој покажа два црвени картони за тимот од Боговиње. Настана инцидент, па мораше да реагира и полицијата. Не се знае дали мечот ќе продолжи, бидејќи фудбалерите на Дрита се повлекоа во соблекувалните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top