| четврток, 6 декември 2018 |

Евроинтеграциите фрлени во аут

За вицепремиерот Бујар Османи поважен е изборот на градоначалници отколку евроинтеграциите

 

Михајло Маневски

 Како најспоредна работа  Бујар Османи евроинтеграциите ги фрли во аут.

Бујар Османи, носител на највисока функција во извршната власт, наместо да работи на евроинтеграциите за што е платен,  прифати да биде шеф на изборниот штаб за избор на градоначалници на Демократска унија за интеграција. Повеќе од 50 дена Бујар Османи нема да се занимава со мерките за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, туку ќе се занимава со изборот на градоначалници  на општини од редовите на ДУИ.

Толку од фалените заложби на Бујар Османи за преземање на брзи чекори и потребни мерки за евроинтеграција на Република Македонија за реализација на наменскиот план 3-6-9 и за добивање на ”чиста препорака”. Како најспоредна работа  Бујар Османи евроинтеграциите ги фрли во аут.

Во својство на шеф на изборниот штаб, повеќе од  еден и пол месец ќе организира активности во предизборната и изборната кампања, ќе трча од една до друга активност, ќе оди од еден до друг огранок, од  состанок на состанок на различни места, а работите на евроинтеграциите ќе мируваат, па тие воопште не се толку важни и толку ургентни.

Мерките за евроинтеграција  на Бујар Османи обична  фарса

Евроинтеграциие за Бујар Османи никогаш не биле приоритетна работа. Тоа беше само маска зад која се криеше. За него најважна работа беше по секоја цена и со многу лаги и подметнувања како партиска задача да го протури Законот за употреба на јазиците, без расправа, без дискусии, без елементарна консултација на научни и стручни институции, па дури и кршејки ги сите норми на овој закон му се стави и еврпопско знаменце да се скрати расправата и во Собранието.

После капитулантскиот договор за добрососедство со Бугарија и официјализирањето на тиранската платформа како владина програма со Законот за употреба на јазиците со кој се руши унитарниот карактер на државата и се воведува двојазичност на целата теритиоруија, Бујар Османи во средината на август изјавува: “завршивме две крупни прашања – прашањето на јазикот и на договорост со Бугарија”, a сега ”имаме енергија да се фокусираме на прашањето на името“. Тој ги смета овие прашања за завршени, без оглед на тоа што ниту Договорот е ратификуван, ниту Законот за употреба на јазиците е донесен. Не го ферма Собранието.

Фактичкиот претседател на Владата Бујар Османи, а не формалниот, потврдува дека Владата во следниот период ќе се фокусира на прашањето за името како крајната цел за завршување на евроинтеграциите. За него прашањето за македонскиот идентитет е романтизам и никогаш не станал при изведувањето на македонската химна. Каков придонес за заштита на виталните државни интереси може да се очекува од ваков човек.

Формалниот претседател, црпнат од Муртино, како обична подметалка седи во скутот на Али Ахмети и десетина пратеници од ДУИ и служи на нивните интереси, само со цел да ја задоволи патолошката желба за власт, подготвен и ги жртвува највиталните вредности на државата и народот. За него ништо не е важно освен власта по секоја цена и по цена на велепредавство на државата и народот.

Дволичност и  хипокризија       

Слика и прилика за дволичност и хипокризија е токму потпреседателот на Владата Бујар Османи. Ќе работи како шеф на изборниот штаб на ДУИ, а од Владата ќе прима плата. Напорите да прикаже дека за време на изборите ќе користи годишен одмор се многи провидни и смешни за еден функционер на кого му е доверена највисока функција во извршнарта власт.

Ова ли е одвојување на партијата од државата? Голема хипокризија се неговите изјави дека максимално ќе настојува неговата висока државна функција да не ја користи во изборниот процес. Не кажа како тоа ќе го стори. Дали ќе ја блокира едната мозочна хемисвера, онаа за државната функција, а другата хемисвера ќе ја користи како шеф на изборниот штаб?. Како двојна  личност, тој кога ќе се појави пред граѓаните е само шеф на изборниот штаб, а не и потпреседател на Владата?. Трагикомично и жалосно.

Каде е етичката димензија за фер односи во изборниот процес? На 12 септември 2017  година, одкако Законот за употреба на јазиците влезе во Собраниска расправа, Бујар Османи го промовираше кандидатот за градоначалник на општина Чаир на новиот плоштад “Скендербег”. Таква можност немаат другите партии кои имаат педложено кандидати за градоначалници во ова општина од ДПА, БЕСА и други.

На лицемерието и лагите на Бујар Османи им се дојде крајот и повеќе нему никој и за ништо не му верува.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top