Репрезентацијата на Словенија минатата седмица дојде до пехарот на Евробаскетот, а за тоа големи заслуги имаше Горан Драгиќ кој блескаше на овој шампионат.
Драгиќ освен индивидуалните и тимските признанија доби и еден специјален подарок и тоа од мајката на легендарниот Дражен Петровиќ, госпоѓата Бисерка.
Таа му испрати дрес на Дражен со бројот три од времето кога нејзиниот син беше дел од Њу Џерси Нетс.Словенецот со солзи во очите го прими овој подарок притоа посочувајќи дека тоа е еден од најдобрите поклони во својот живот.
Сега пак ѕвездата на Мајами Хит ја изненади госпоѓа Бисерка и се сретна со неа за време на една телевизиска програма притоа давајќи и го својот дрес со број три.
Бисерка откри дека дресот ќе оди на посебно место во музејот каде се оние на Мајкл Џордан и Стеф Кари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)