| четврток, 6 декември 2018 |

Тимот на Камилоски го изведе првото роботизирање на човек во Македонија (ФОТО + ВИДЕО)

Колку и да звучи футуристички, но напредокот на медицината им овозможува на пациентите кои имаат повреда на зглобовите и на скелетот и кои досега живееле со болки да можат да ги заменат повредените делови и да продолжат да живеат ослободени од болка.
Ерата на замена на скелетот и зглобовите во човековото тело медицината уште се смета и за „роботизирање“ на човекот.
Првиот ваков оперативен зафат во регионот е изведен неодамна во Македонија.
Тим предводен од проф. д-р Виктор Камилоски, специјалист хирург-трауматолог на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје изврши доста комплицирана и најсовремена операција за скршеница во рамениот појас кај пацинтка повредена при пад од втори кат.
Оштетените делови од коската на лопатката и горниот пол на надлакатната коска се заменети со најсовремена инверзна протеза од легура од кобалт и хром (стем) со полиетиленска гленосфера и централна единица испрскна со биоактивен калциумфосфатен спреј кој овозможува побрзо зараснување.
Оваа протеза ја менува природната анатомија на рамото и овозможува нормализирање на функцијата на оштетеното рамо. По закрепнувањето пациентката ќе има слобода во вижењето на рамениот зглоб, за разлика од претходно, кога речиси и да немала. Уште поважно, ќе има живот без болка.

Поради развојот на медицинската биотехнологија животот без болка и уживање на перфектната слобода на движењата по тешки скршеници на рамениот зглоб станува реалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top