Едно лице е повредено откако автомобил „Пежо“ утринава влета во водите на Вардар, кај мостот пред Сарај.
Случаен минувач утринава го пријавил настанот во полицијата велејќи дека забележал автомобил „Пежо“ како влетал во водите на реката непосредно пред мостот кај Сарај.
Повреден е 25-годишниот Н.А. од село Буковиќ кој итно е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.