Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија денеска за време на носењето на законот за стечајците во собраниската сала потенцираше дека во делот предвиден за новинари е донесена “навивачка група“.
– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го изгласаа тој закон. И ако воведувате таква пракаса, добро е при носењето на другите закони тука да ги видиме студентите кои се оштетени, земјоделците кои што нема да добиваат субвенции, да ги видиме вработените во Еврокомпозит кои министрите од Владата ги лажат 5 месеци дека ќе им пуштат плата. Да ги видиме претставниците на МАНУ, на Институтот за македонски јазик, затоа што јас најдобронамерно ја сфатив вашата намера дека треба да биде отворено Собранието, но не за гостите да искажуваат политички ставови, туку да ја слушаат дебатата која што ја водат пратениците.
– Видовте дека едногласно Законот за стечајци беше донесен. Ние не ги делиме стечајците на припадници на нашата политичка партија, на ДОМ, на ЛДП или на СДС, за да дојдат овде да ни одржуваат лекција по навивање. Сфатете го ова најдобронамерно, најкоректно, затоа што ако продолжите вака, не знам чија режија е, дали е режија на координаторот на СДСМ, дали на кандидатите за градоначалници. Воведувате лоша пракса. Затоа што на носењето на секој закон горе треба да има 500 луѓе кои ќе скандираат за тој што ги поканил, истакна Стевананџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)